Кузеска да ги праша Филипче, Заев, Спасовски и Ковачевски зошто дозволија Груби да ја ограби државата, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„СДС пред било што да каже треба да се извини што дозволи Артан Груби да прави милионски криминал со години. Нека ги праша Кузевска Филипче, Спасовски, Заев и Ковачевски зошто дозволија Груби да ја ограби државата“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„СДС и ДУИ 7 години ја уништија државата и системот, Буџетот за 2025 година е развоен и е креиран за потребите на граѓаните.
Економијата на СДС и ДУИ граѓаните ја видоа на дело изминатите 7 години, која го уништи животниот стандард на граѓаните и ги остави со празни џебови.
7 години СДС и ДУИ ги осиромашија граѓаните, ја испразнија буџетската каса и ја задолжија државата и идните генерации.
СДС и ДУИ потрошија милионски буџети изминатите 7 години, а позади себе оставија хаос во институциите и колапс на системот.
СДС и ДУИ недомаќински и неодговорно ги трошеа народните пари, ги оставија учениците без учебници, студентите без оброци, земјоделците со ниски откупни цени за производство, работниците на АД Водостопансто и ЈП Македонски Шуми без плати а здравството руинирано.
Сега за прв пат во македонската историја се покачија пензиите за 2500 денари и годинава за уште 2500 денари, со тоа во првата година од мандатот пензиите се покачени за 5000 денари.
За прв пат се договори стабилен раст на платите во образованието и се договори како тие ќе растат во следниот период.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите работници, а вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните 4 години.
Покрај зголемувањето за 10 % во 2024 година за плати, 2025 во март месец ќе има дополнителни 5 % зголемување, наредната 2026 година зголемувањето ќе е од 5-7 %, истото зголемување од 5-7% ќе биде и во 2027 година, а од 7-10 % ќе биде зголемувањето во 2028 година.
Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Македонија се трансформира.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема активни економски мерки.
Буџетот за 2025 година е развоен и е креиран за потребите на граѓаните и достоинсвен живот на секој поединец.
Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат, платите, пензиите, субвенциите за земјоделците се редовни и навремени, а и се подобрува бизнис климата.
Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ економијата постепено заздравува и покрај ужасната нерамнотежа кој ја предизвика владата на СДС и ДУИ.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на одржлив начин на зголемување на животниот стандард на граѓаните.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ годината ја започна со пуштање во употреба на важни инфраструктурни проекти како експресниот пат Куманово-Крива Паланка.
Се пушти во употреба железничката делница Куманово-Бељаковце дел од пругата кон Бугарија.
Имаме 9 нови авионски линии за 6 месеци.
Покрај проектите поврзани со коридорите 8 и 10д и проектите на општините, приоритет се и проектите за финансирање на енергетската ефикасност како и модернизација на земјоделството“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.