Спорт

Македонија казнета по скандалот на натпреварот со Холандија

Победата на Холандија над Македонија (37:32) во Вараждин остана во сенка на голем навивачки бунт.

Испровоцирани од двата црвени картони, кои данските судии ги доделија на нашата репрезентација, македонските навивачи почнаа да фрлаат тврди предмети на теренот, па Холанѓаните мораа да истрчаат во соблекувалната.

Mеѓународната ракометна федерација реагираше и им испорача казни и на Македонската федерација и на организаторите.

Исто така, Хрватите беа предупредени дека Арената во Вараждин ќе биде затворена доколку се повторат слични инциденти, додека затворањето на трибината е задолжително.

Дополнително, мора да се зголемат безбедносните мерки и бројот на обезбедувачи и полицајци.

На почеток