Филипче во паника по хаосот и скандалот на Онкологија се обидува да се правда, ЈО да не молчи и да постапи со случајот Онкологија, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Филипче во паника и заглавен до гуша во скандалот со Онкологија бледо и бесрамно се обидува да се правда“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:
Филипче како министер за здравство дозволи системски башибозук и непочитување на 60 тина законски одредби.
Филипче треба да признае и да се извини затоа што не воспоставил систем, немало регистар, немало следливост на онколошката терапија, немало ништо освен системски хаос.
Филипче знае и фактите го потврдуваат тоа дека тие оставија долг од 12 милиони евра на Клиниката за онкологија, како и по неколку онколошки кризи меѓу кои и онаа познатата од септември 2023 година.
Филипче во паника се обидува да го брани профитот на веледрогериите кои ги уценуваат здравствените институции со години. Со години веледрогеријата Д-р Пановски книжи енормни заработки и ги уценува Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство.
Тоа е истата онаа веледрогерија сопственост на таткото на блиска соработничка на Венко Филипче. Тоа се истите оние веледрогерии кои преку уцените до здравствените институции ги крадат и во џеб на поединци ги ставаат парите на сите граѓани.
Јавното обвинителство не треба да молчи и треба да постапи во случајот со Онкологија.
Филипче треба да знае дека бегање од одговорност нема да има.