Поради пензионирање на поштари, на пола општина Аеродром не им стигаат сметки и писма, алармира Апасиев
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, алармира дека поради тоа што поштари одат во пензија, жители на Аеродром не добиваат пратки и сметки.
„Поради одење во пензија на неколкумина поштари, на пола општина Аеродром не им стигаат сметки и писма (има примери кога те исклучуваат за струја или пропушташ рок за жалба, оти немаш достава)!? И ова трае од ноември месец. И си трае, си трае, си трае… И така додека не умреме, ваљда. p.s. Да им кажеме на надлежните, дека Маите и Ацтеките имаа пофункционален поштенски систем од нашиов“, напиша Апасиев.
Инаку, проблемот со доставата на сметки и пратки трае со години. Граѓани се жалат дека ги чекаат со месеци, а некогаш и не ги добиваат.