Снимки од моментот на грабнувањето на Вања се гледаат во судница: камери од хотел и фризерај го фатиле „Цитроенот“
Снимки од надзорните камери на хотелот кој се наоѓа на неколку чекори од домот каде живеење убиената Вања Ѓорчевска се презентираат во суд. Обвинителството ги презентираше во судот, а се гледа возилото „цитроен“ со кое Вања беше киднапирана од влезот на нејзината зграда.
„Камерите се поставени пред хотелот ‘Сити парк’, на паркингот, што гледаат од левата страна на зградата односно кон Општина Центар. Во 6:37 минути се забележува возилото ‘цитроен; како поминува покрај ‘Сити парк’, и врти во десно. Вториот видео запис е камера која што гледа на паркингот до булевар кон Илинденска, друг агол, различна камера од истиот хотел, а на крајот на паркингот се наоѓа зградата од каде е грабнато детето. Вo 6:37 минути се гледа како возилото ‘цитроен’ свртува во десно, подзапира, и потоа продолжува со движење право по паркингот, кон зградата на оштетеното дете“, кажа обвинителката.
Судот ги опомени обвинетиот Љупчо Палевски и адвокатите да не прават галама во судот и да не се смејат, додека се презентираат доказите.
„И четвртата камера го покрива паркингот до булавар Илинден на која се гледа како ‘Цитроенот’ продолжува со своето движење упатувајќи се кон зградата од каде е грабнато детето. Во 6:38 минути застанува на паркингот кога практично веќе се наоѓа кај зградата од каде е грабната Вања“, рече обвинителката презентирајќи ја снимката.
Потоа, беше презентирана снимка од надзорна камера поставена на фризерско студио. Станува збор за снимка која додека се трагало по Вања, нејзиниот татко Александар Ѓорчевски ја испратил на началникот од МВР, Дејан Димовски посочувајќи му дека нешто му е чудно поврзано со движењето на возилото.
„Во 7 часот 29 минути на ден (27.11.2023) се гледа како поминува возилото ‘цитроен’. Ова е всушност е времето кога е извршено грабнувањето, ова е улицата Наум Наумовски Борче. Во само во една минута може да се забележи дека поминуваат околу 10-тина возила пред да помине ‘цитроенот’. Во само четири минути понапред, од она што го гледаше Oбвинителството, поминуваат 26 возила. Откако поминува ‘цитроенот’, во истата минута поминуваат возила на секои 30 секунди.
Потоа беа презентирани снимки од две камери поставени на менувачница. Обвинителката посочи дека на нив се гледа како поминува возилото „циторен“ во 7:30 движејќи се кон булеварот „Партизански одреди“.
И шест камери од „Сејф сити“ го следат движењето на „Цитроенот“, од Наум Наумовски Борче низ Партизански одреди кон Визбегово, веднаш по грабнувањето на Вања. Во возилото имало три лица.
„На овој видео запис, 7 часот и 33 минути од булевар „Партизански одреди“ врти кон Рузвелтова и може да се забележи регистарската ознака на возилото кое што е возило од кривично предметниот настан одземено од оштетениот Панче Жежовски. Видео два: Исто на булевар ‘Партизански одреди’ во ‘Френклин Рузвелт’ само од друг агол се гледа како од десната лента се забележува како возилото ‘цитроен’ продолжува со своето движење. Во 7 часот и 36 минути, се гледа како пристигнува на булеварот кај Рузвелтова кон Илинденска (Зоолошка). Видео три: Раскрсница булевар ‘8-ми септември со Илинденска кај Мида, се забележува ‘цитроенот’, од десно 7:37 минути застанува на семафорите во третата десна лента, и се приклучува на булеварот кој води кон Момин поток. На возилото се забележува регистарската ознака, и се забележува дека има лице кое седи на совозачкото седиште и исто така на задното седиште има лице кое се движи лево десно, односно во возилото има три лица