Македонија

Потребна е итна посериозна акција за пронаоѓање на Миле, алармираат роднините

Семејството, роднините и пријателите на исчезнатиот неготинчанец Миле Тодоров се загрижени бидејќи 28-годишникот четврти ден го нема. Тамара Спасова, негова роднина прашува: „Каде сте полицијо? Министерство за внатрешни работи?“ па додава: „Зошто секогаш мора да се молиме,зошто мора да чекаме,зошто мора ние, народот да ве потсетуваме што треба да сторите?“.

Спасова вели посочува и:

„Се зборува за младо 28 годишно момче, веќе пет дена е исчезнат Миле Тодоров од Неготино без трага и глас, дали е изгубен,дали е заробен,дали е исплашен,дали е безпомошен,дали му е ладно, бидејки нам ни е многу студено без него. Ве замолувам потрагата да биде засилена од ваша страна бидејќи ние роднините, родителите,пријателите по цели денови и ноќи излезени во потрага низ местото каде е последно виден не можеме сами да направиме ништо. Ве молам помогнете да го пронајдеме Миле Тодоров, грижата на родителите и неговите блиски е преголема. Потребна е итна посериозна акција“.

На почеток