Македонија

Возачот Јованов кој ја усмрти Фросина ќе одговара за најтешко кривично дело во областа на сообраќајот, тврди Коцевски

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека Обвинителството ќе бара најстрога казна за возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова на пешачки премин.

„За Обвинителството е неспорно дека станува збор за кривично дело со умисла. Затоа водиме постапка за најтешко кривично дело од областа на сообраќајот. Ја уверувам јавноста и семејството дека постапката ќе биде ефикасна и Обвинителството ќе инсистира на најстрога казна“, рече Коцевски.

На почеток