Македонија

„Проверете по цркви и манастири“, постои веројатност да е засолнет“ – не запира борбата Миле од Неготино да биде најден жив и здрав

Потрагата по Мики Тодоров од Неготино не донесе никакви резултати, а изминативе денови е најден само телефонот. Неговата сестра Марија Анастасовиќ верува дека ќе го најдат жив и здрав, засолнет на сигурно. Упати апел до сите кои можат да се приклучат во потрагата дека тргнувањето е од Градскиот парк во Неготино, во 08 часот. Во потрагата е вклучен и хеликоптер на МВР

„За оние кои сакаат да земат учество, а не се во можност да дојдат на собирното место во Неготино, нека се обратат во текот на утрешниот ден на следните броеви 078-909-481, 075-691-727.  Доколку имате сознанија контактирајте нѐ на овие броеви“, стои во апелот.

Од навивачката група „Винари Неготино“ напишаа дека голема е веројатноста Миле да е во некоја црква или манастир.

„Затоа што постои голема веројатност (или барем се надеваме) дека нашиот член, другар, пријател Миле Тодоров може да е засолнат во некој манастир/црква, ве замолуваме доколку имате можност да исконтактирате или проверете по манастири и цркви (поголеми или помали) во вашиот крај. Ние сме веќе во акција и ги посетуваме манастирите низ државата колку што можеме, затоа што во Македонија ги има во голем број, би било од голема помош доколку можете да проверете по вашиот регион. Доколку стигнете до некаква информација, можете слободно да ги исконтактирате било кој од броевите 078-909-481 и 075-691-727 или полиција“, велат навивачите.

На почеток