,,Охридски Комуналец” со логистичка поддршка во акцијата на нуркачите за расчистување на охридското пристаниште

Од
Објавено на

Ј.П. „Охридски Комуналец” кака дел од координативното тело за организација на празнувањата и активностите поврзани со големиот христијански празник Богојавление-Водици, денес логистички се вклучи во акцијата од Клубот за подводни дејности „Охрид“ кои го чистеа дното на Охридското Езеро кај градското пристаниште.
Од дното на езерото нуркачите подигнаа поголема количина најразличен цврст отпад кој претставува опасност за капачите, а нашите екипи со несебичен ангажман го подигнаа, и покрај обврските кои ги имаа денес за расчистување на снегот од раните утрински часови
