Македонија

​​​​​Левица поднесе Закон за кривична одговорност на судиите

Амар Мециновиќ – портпарол на Левица и пратеник во собранието, одржа прес-конференција по однос на поднесениот предлог-закон за дополнување на Кривичниот законик, со којшто Левица предлага воведување на кривична одговорност на судиите:

„Предлагаме по членот 353 в, да се додаде нов член и наслов 353 г, кој гласи ‘Кршење на законот од страна на судии’. Кривичното законодавство на Република Македонија, како континуитет на СФР Југославија, со цел спречување на корупцијата и незаконското работење во судството, се до 1996 година го криминализираше незаконското работење на судиите во судовите. Од 1996 година, до денес, декриминализацијата ја доведува во прашање гарантираната заштита на граѓаните при остварувањето на своите права.

Предолго никој не поднесува одговорност за тоа што граѓаните го мислат, а јавноста го артикулира и носи погубни резултати. Не може ние да имаме доверба во судството од 2%, а сите три нивоа на власт ништо да не прават во однос на тоа. Овој закон не е против судството, туку против корупцијата во судството. Правниот систем, како и политиката се гнили од корупција. Политиката и судиите во спрега имаат создадено систем кој создава апсолутна несигурност, егзеистенцијална и правна за нашите граѓани.

Со овој предлог закон сметаме дека ќе има позитивни последици. Повеќе нема да има пресуди нарачани од бизнис и политички структури. Граѓаните ќе добијат правна сигурност. Секој што ќе биде оштетен од незаконска пресуда, ќе знае дека судијата што го оштетил ќе одговара. Пред се, ќе покажеме дека никој не е над законот.“, кажа Мециновиќ.

На почеток