Костозглобна во Охрид ќе биде реконструирана и ќе добие ново крило

Од
Објавено на

На денешната седница на Влада се донесе одлука за реконструкција и изградба ново крило на болницата „Св. Еразмо“ – Костозглобна во Охрид.
„Со денешната одлука предвидени се 2 милиони евра за оваа намена и со ова исполнуваме уште едно ветување.
Св.Еразмо – специјална болница за ортопедија и траумотологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински операции за жителите од цела Македонија.
Продолжуваме посветено во сите сегменти и продолжуваме со уште поголеми проекти!“, објави министерот за транспорт, Александар Николоски.
