Македонија

Екссоветничката на Заев уште не знае дали ќе поднесе оставка од Судскиот совет по интерпелацијата

Членот на Судскиот совет, Тања Чачарова-Илиевска ја примила интерпелацијата и најави дека ќе одговори на истата. Немаше конкретен одговор дали ќе понесе оставка, бидејќи интерпелацијата не го наложува тоа, но доколку се изгласа недоверба тоа ќе значи дека тие кои ја избрале веќе не сметаат дека треба да биде дел од највисокото судско тело.

„Ја примив интерпелцијата вчера, за став не сум подготвена сега. Ја прочитав, но немав можности за добро да ја разгледам. Тоа што ми падна во очи дека тоа не е за интерпелација на Тања Чачарова-Илиевска на Судскиот совет, него упатува за интерпелација на Судскиот совет. Упатува на колективна одговорност. Јас кажувам дека одговорноста мора да биде индивидуална иако Судскиот совет е колективно тело. Ние сите гласаме, и зависно на секој засебен глас се носи одлуката“, рече Чачарова-Илиевска.

„Сметам дека добро треба да анализирам, па тек тогаш ќе имам одговор на вашето прашање за оставка“, рече Тања Чачарова-Илиевска.

При назначувањето на Чачарова-Илиевска, тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираше дека таа е финансиер на СДСМ, советник на Заев и владин член на бордот на Телеком.

Screenshot

На почеток