„Со грбот, да се менува и химната“, Таравари со ВЛЕН тргнаа во поход да решаваат етнички прашања
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/11/04112024_Taravari.jpg)
ВЛЕН се решени да разговараат за сите етнички прашања и да ги решаваат во идниот период, соопшти Арбен Таравари, дел од владината коалиција. Според него, треба да се решат химната, грбот, формулацијата „20 отсто“ и други етнички прашања.
„Ние сме подготвени да разговараме за пакет мерки кои се нерешени во изминатите 20 – 30 години и во пакет да ги решиме, зошто тука да не бидат и грбот и химната и 20 отсто и други етнички прашања ако има и веќе да се фокусираме на економијата, евроинтеграција, антикорупција, подобри плати, подобар живот…“, истакна Таравари.
На прашањето што треба да стои на грбот, Таравари одговори дека во ВРЕДИ се уште не ја отвориле оваа тема.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)