Тргна возот со оставки во обвинителството: Наташа Крстевска Цалева поднесе оставка од местото на Хајрулахи


По само седум дена откако беше избрана, Советот на јавните обвинители на Македонија денеска ќе треба да ја разгледа и констатира оставката на обвинителката Наташа Крстевска Цалева. Таа на 10 февруари на предлог на државниот обвинител Љупчо Коцевски беше избрана за раководител на Вишото јавно обвинителство во Скопје, по супспензијата на обвинителот Мустафа Хајрулахи.
„Скопје1“ побара став од Советот на јавни обвинители, непосредно пред нивната седница која ќе се одржи денеска – оттаму очекуваме одговор.
Изборот на Крстевска-Цалева беше проследен со различни коментари. Владата тврди дека ова е незаконско.
Таа не ги издржа критиките и поднесе оставка. Коцевски поведе дисциплинска и поведе постапка против досега првиот човек на ова обвинителство, Мустафа Хајрулахи, заради наводен мобинг кон свои колеги. Хајрулахи во јавни настспи тврди дека е жртва на притисок. Оддалечен од функцијата, на предлог на Коцевски е и досегашниот заменик Јове Цветановски.
