Свет

Два авиони се судрија на аеродром во Аризона

Најмалку едно лице загина откако два авиони се судрија на аеродромот Марана во Аризона утрово по локално време.

Не е јасно како жртвата го загубила животот или што го предизвикало судирот.

За потсетување, оваа несреќа се случи по само неколку дена откако авион на Делта се урна при слетување на аеродромот во Торонто и се преврте наопаку.

Во авионот имало 80 лица, од кои некои се здобиле со тешки повреди.

За среќа нема загинати.

На почеток