Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Патничка откри скриен оддел во авион, многумина се изненадени што има внатре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Патничка од Флорида пронашла „скриена преграда“ во тоалетот на авион на компанијата Саутвест ерлајнс, за која, како што истакна, немала поим дека постои.

— реклама —

Ронда Абдала од Тампа летала со авион кон Лас Вегас кога неочекувано добила менструација, а член на кабинскиот персонал ѝ рекол да побара мал оддел исполнет со тампони и влошки.

Непријатната ситуација се случила на првиот дел од нејзиното патување, на летот од Тампа до Хјустон, кога сфатила дека менструацијата ѝ започнала порано од очекуваното. Таа се обратила до член на кабинскиот персонал за помош.

— реклама —

„Ја прашав стјуардесата дали има тампон, а таа ми ја покажа преградата и ми рече дека можам да земам колку што ми е потребно, бидејќи за тоа и служат“, изјавила Абдала. „Исто така рече дека имаат уште залихи доколку ми затреба“.

— реклама —

Според нејзините зборови, преградата била толку ненаметлива што никогаш не би ја пронашла сама. „Искрено, не би ја забележала ако не ми укажеше на неа. Ознаката навистина лесно може да се пропушти“, додала таа.

media-libraryjg5u2mslj80jcDEWsy0

Таа го споделила своето откритие на социјалните мрежи за да ги информира и другите патнички.

„Дали знаевте дека постои тајна преграда во тоалетот на авион со тампони и влошки за итни случаи?! Бидејќи никој не сака да се најде во ваква ситуација на 10.000 метри“, напишала покрај фотографиите.

— реклама —

„Одлучив да го споделам ова бидејќи знам дека не сум единствена на која ѝ се случило вакво нешто. Ако му помогне барем на едно лице во слична ситуација, вредеше“, истакнала таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Авион принудно слета во Виена поради напукнат прозорец

Свет | пред 1 седмица

avion-1

(Фото) Драма во Германија: Авион се урна врз куќа, спасувачите трагаат по исчезнат патник

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvk9pn3v0rre35XasPSG

Сомнеж за труење со храна: Тројца пилоти се разболеле за време на лет, „Бритиш ервејс“ отвори истрага

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryneg2npkre5iqcCGSKr6

(Видео) Авион принудно слета во морето кај Сиетл и се запали, едно лице е во критична состојба

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања