Македонија

Мицкоски: Војната во Украина наскоро ќе заврши, ако згрешам ќе се извинам

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за поставување пратенички прашања рече дека војната во Украина, ако не греши, ќе заврши наскоро, а ако не се случи тоа, рече дека ќе се извини.

Мицкоски одговараше на прашањето на пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ посветено на гласањето на резолуцијата за Украина во Обединетите Нации. Од опозициската СДСМ го обвинија премиерот Мицкоски дека Македонија со начинот на гласање во ОН ризикува меѓународна изолација, додека другите држави според нив, балансираат во геополитичките односи.

„Одлуката беше таква, затоа што имавме избор дали да застанеме меѓу првите во редот заедно со нашиот стратешки партнер САД или да поддржиме заеднички став на Европската Унија. Кога видовме дека во Европската Унија нема заеднички став по резолуцијата, тогаш беше логично да застанеме позади резолуцијата која што ја предложија Соединетите Американски Држави“, изјави премиерот Мицкоски.

На почеток