Свет

Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според скалата на Рихтер е регистриран утрово во западниот дел на Турција

Епицентарот на земјотресот се наоѓал 123 километри од Анталија, 51 километар југоисточно од Денизли и 27 километри западно од Јешилова, со длабочина од два километри под површина на земјата. Потресот бил почуствуван и во Измир и Истанбул.

Засега нема податоци за повредени или причинета материјална штета.

На почеток