Свет

Зеленски: Украина е подготвена да потпише договор за минерали, но со американски гаранции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е „подготвена да потпише договор за минерали“, но сепак инсистира на американските безбедносни гаранции.

„Примирјето без безбедносни гаранции е опасно за Украина“, рече тој.

Зеленски истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да стави крај на војната, но додаде: „Никој не сака мир повеќе од нас“.

„Примирјето со Путин не би функционирало. Тој го прекршил примирјето 25 пати во последните десет години. Единственото вистинско решение е вистински мир“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател истакна дека не може да го промени ставот на неговата земја кон Русија.

„Русите не убиваат. Русија е непријател, а тоа е реалноста со која се соочуваме. Украина сака мир, но тој мора да биде праведен и траен. За да го постигнеме ова, мора да бидеме силни на преговарачката маса“, заклучи тој.

На почеток