Магазин

ВИДЕО: Девојче со сребрени очи – Родителите ја напуштиле и никој не сакал да ја посвои, а тогаш се случило чудо

Девојчето родено со сребрени очи, која од раѓање има здравствени недостатоци, доби среќен крај.

Имено, малата Примроуз која е родена со конгенитален глауком, што во превод значи дека таа има сребренкасти очи, е слепа и има проблем со слухот.

Мајката веднаш ја напуштила после раѓањето, а цели две години ниту еден доктор не сакал да ја лекува, па ова бебенце има претрпено големи болки.

Исто така имала потешкотии во развојот. Не само што не можела сама да го држи шишенцето со млеко, туку не можела воопшто да ја држи и главата исправена. Месеци поминувале, а таа живеела во сиропиталиште, без никаква надеж дека ќе биде посвоена.

Крис и Ерин веќе имаат две деца, а не планирале за проширување на семејството. Потоа на Фејсбук во група за посвојување ја погледнале фотографијата од девојчето со сребрени очи и описот за нејзината состојба.

“Ја посвоивме во јануари 2016 година, а јас две години претходно плачев, бидејќи некако чувствував дека е некаде во колевка и дека нè чека нас. Кога ја погледнав нејзината фотографија на Фејсбук, знаев дека таа е таа. Не можам да објаснам како, но знаев дека поради неа плачев и знам дека сега е таму каде што треба да биде, во својата вистинска куќа”, вели Ерин.

“Кога на луѓето ќе им кажеме дека е слепа, обично велат “Жал ми е”. Нема зошто да Ви биде жал. Нема ништо страшно ниту погрешно во слепилото”, објасна Крис.

Девојчето сè уште ниту зборува ниту оди, па комуницираат со нејзините допири. Секој ден заедно се борат со неа. Но, научила да се смее и научила што значи да се има семејство.

Видеото е од пред две години, а него можете да видите за каков случај станува збор.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток