Македонија

(Видео) Хаос во српското Собрание: шок бомби, пратеничка со мозочен удар, Брнабиќ нападната

Седницата на Народното собрание на Србија, на која се очекуваше претставниците да ја констатираат оставката на премиерот Милош Вучевиќ, продолжи откако беше прекината поради инциденти и судири, кога претставници на опозицијата фрлија димни бомби и солзавец во салата.

Седницата се одржува среде звуци на вувузели, свирежи и врева од пратениците од опозицијата, пренесе „Анадолија“.

Репортерката на „Ал Џезира“, претходно објави дека пратениците од опозицијата фрлиле димни бомби во Собранието и дека дошло до судир.

Пратеничката Јасмина Обрадовиќ била однесена со брза помош откако, како што тврди Ана Брнабиќ, доживеала мозочен удар при фрлена шок бомба. Брнабиќ изјави и дека пратениците се борат за живот.

За време на пролетната седница настанала тепачка меѓу пратениците во Народното собрание
Некои пратеници запалија факели. Летаат и шишињата, пренесуваат повеќе српски медиуми.

Седницата на Народното собрание на Србија почна денеска, по тримесечна пауза, со предлог дневен ред од 62 точки, а на крајот, како што претходно рече Брнабиќ, пратениците треба да ја признаат оставката на премиерот Милош Вучевиќ, која ја поднесе на 28 јануари.

На почеток