Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Медиуми: САД забранија приватна компанија да испраќа сателитски снимки во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
rusija-ukraina-3

Американската компанија Maxar Technologies ѝ го прекина пристапот на Украина до нејзините сателитски снимки, објави украинскиот портал Militaryi, повикувајќи се на неколку неименувани корисници на оваа комерцијална услуга.

— реклама —

Официјалното објаснување што корисниците го добија од Максар е дека прекинот настанал „на административно барање“.

— реклама —

Порталот пишува дека прекинот на услугата настанал поради претходна одлука на американската влада да престане да испраќа разузнавачки информации во Украина. Забраната се однесува на јавните и приватните корисници во Украина.

Украинската сајбер група „Киберборошно“ објави на „Телеграм“ дека и е одземен пристапот до податоците од „Максар технолоџис“, кои ги користела во својата работа.

— реклама —

Maxar Technologies, приватна американска компанија, беше главниот снабдувач на комерцијални сателитски снимки кои ѝ ги открија на Украина движењата на руските сили и резултатите од нападите врз важни објекти, било на окупирана територија или во самата Русија.

Исто така, сателитските снимки на Максар се повеќепати користени од светските медиуми за илустрација и анализа на бојното поле.

Потсетиме, во вторникот, САД го прекина споделувањето разузнавачки информации со Киев, што може сериозно да ги загрози способностите на украинската војска.

Овој потег уследи по одлуката на администрацијата на Трамп да ја прекине воената помош за Украина и драматичното нарушување на односите меѓу американскиот претседател и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Следниот ден, францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну изјави дека Франција е подготвена да ги замени САД и да испрати свои разузнавачки информации во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2uo0i9at4d6u8ssawHo

„Ова е злосторство“: критики поради загуби во украински напад

Свет | пред 1 ден

media-librarye2o9aatduh3s3vjBW0s

Бугарија влегува во воената индустрија на Украина со 10-годишен договор: ќе произведуваат дронови

Свет | пред 4 дена

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 5 дена

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања