Од вазалство до хистерија – политичка хипокризија на Филипче и СДС на дело!, вели ВМРО-ДПМНЕ


„Договорот за катните гаражи на Клинички не е од сега – туку од времето на вазалската влада на СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:
Тогаш, како послушен вазал, Филипче молчеше и климаше со глава. Сега, кога веќе не е на таа позиција, одеднаш вреска и глуми борец за правда. Вака отприлика може да се опише венковото дејствување.
Институциите веќе се изјаснија дека нема одлука на Влада за катните гаражи во комплексот клиники!
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи поинаку од досегашниот принцип и одлуките кои оваа Влада ги носи се исклучиво во интерес на граѓаните.
Ова не е ништо друго освен хистерија и политичка хипокризија – лајтмотив на една вазалска кариера!
Среќа што граѓаните веќе го виделе ова сценарио и не паѓаат на евтини трикови.
