Васко Ковачевски е дел од групата која тргувала со отровен мазут


Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, е меѓу осомничените во истрагата што ја водат Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, поврзана со нелегална набавка на деривати и оштетување на државниот буџет. Ковачевски е во бегство.
Приведен за случајот е бизнисменот Ратко Капушевски кој е генерален директор на фирмата РКМ за трговија со енергенси и нафтени деривати. Капушевски е ексдиректор на спортскиот центар „Борис Трајковски“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2014 година ја напушти државната служба и започна работа како проект-менаџер во канцеларијата на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.
Нема официјални информации за евентуално приведување на Асмир Јахоски, газдата на Пуцко Петрол.
Се вршеа претреси на повеќе локации во Скопје, Кичево и Пласница.
Повеќе детали се најавуваат за утре.
