Трагедија во Кочани – десетици жртви и повредени во пожар во дискотека


Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03.00 часот во Диско клубот Пулс во Кочани.
Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови.
Бројот на жртви засега никој него знае, се спомнуваат десетици. Оваа информација е непотврдена и се чекаат институциите! Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината,како и возила и медицински екипи.
Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани, се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК. Повеќе информации во текот на денот.
