Министерот Стоилковиќ го праша Костовски од СДСМ дали сака пумпање, па му му вели „затворите чекаат“


Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, преку статус на „Фејсбук“, испрати порака до секретарот на СДСМ, Мартин Костовски. Откако Костовски напиша „Пумпај“, со што даде поддршка на студентите кои протестираат против Александар Вучиќ, Стилковиќ му врати: „Напумпамо ве на избори! Да не сакате и неко друго пумпање? Затвори чекав…“.
По ова, СДСМ го осуди овој однос, што го смета за навредувачки и заканувачки кон Костовски.
„СДСМ најостро ги осудува шокантните навреди од вицепремиерот на Мицкоски, Иван Стоилковиќ кон организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски на Фејсбук. Пораката кон Мартин Костовски од страна на Стоилковиќ и прашање дали сакал да го „напумпа“, е скандал и демонстрација на врвен простотилук од страна на високиот владин функционер. Ова ниско ниво на комуникација и закани на вицепремиерот е доказ за безобразието и злобата на претствниците на власта која се демонстрира кон опозцијата. СДСМ бара итно оставка од Стоилковиќ по овој скандал, доколку самиот не се повлече Мицкоски мора веднаш да го разреши. Го прашуваме Мицкоски дали тој се согласува со ваквата изјава на Стоилковиќ и дали ја оправдува? Дали ова е новото нормално во комуникацијата на владините функционери и дали овие закани и навреди стануваат секојдневна пракса? Срамно, ниско и недозволиво. СДСМ му дава целосна поддршка на Костовски, за оваа навреда и закана ќе поднесеме претставки до институциите“, напишаа од СДСМ.
