Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Се огласи премиерот Христијан Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
19112024_MICKOSKI_SINDIKAT-ZDRAVSTVO-4

„Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна“, објави премиерот Христијан Мицкоски и додава:

Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите – сила да ја издржат оваа незамислива загуба. Народот и Владата ќе направат сè што е во нивна можност барем малку да ја ублажат нивната болка и да им помогнат во овие најтешки мигови.

— реклама —

Ги повикувам сите надлежни институции – здравствените служби, полицијата, локалните власти – да преземат итни мерки за помош на повредените и поддршка на погодените семејства. Владата е целосно мобилизирана и ќе направи сè што е потребно за справување со последиците и утврдување на причините за оваа трагедија.

Во текот на денот, по согледување на околностите од надлежните институции ќе и’ се обратам на јавноста со повеќе информации за преземените чекори.

— реклама —

Во овие времиња на длабока тага, кога нашите срца се скршени од болка поради оваа ужасна трагедија, повикувам на заедништво, сплотеност, хуманост и одговорност.

Бог да биде со семејствата на жртвите и повредените и со народот на Македонија!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykm2gqq7u09uj7nDDHy1

„По општинските комитети, следува освежување и во останатите структури на партијата“, вели Мицкоски

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryq8u6p62g14m57v5a5gU

„Остануваме на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти“, вели Мицкоски

Македонија | пред 11 час

media-librarys907834jgrlj5VvA3fG

Сите капацитети ставени во функција: Мицкоски тврди дека се подготвени за пожари

Македонија | пред 11 час

media-libraryle430s5ob6pqajgbReX

Мицкоски: „Преферираме редовни избори во 2028, но подготвени сме за сите сценарија“

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања