Македонија

Еврокомесарката Кос: Длабоко сме натажени од трагичниот пожар во Кочани

Марта Кос, еврокомесарката за проширување изрази сочувство и длабока тага поради трагедијата во Кочани.

„Длабоко сме натажени од трагичниот пожар во Кочани, Северна Македонија, кој однесе животи на премногу млади луѓе”, напиша Кос во објава на Икс.

Изразувајќи сочувство за загинатите до семејствата, Кос наведува дека нејзините мисли се со жртвите, нивните најблиски и целата заедница за време на оваа страшна трагедија.

На почеток