(Видео) Тага, шок, неверување: Јаневска не го доврши говорот на УКИМ, имаше исвиркување од публиката, на студенти им се слоши


Студенти, млади, граѓани и професори одржаа заеднички час во спомен на жртвите во пожарот во Кочани. Пред платото на УКИМ во Скопје одадоа почит на трагично загинатите во дискотеката Пулс во Кочани. Запалија свеќи, положија цвеќе и застанаа молкум со солзи и тага во очите и срцето да оддадат почит но и да побараат никогаш повеќе да не се случи ваква трагедија.
Сочувство изразија и се обратија ректорката на УКИМ Биљана Ангелова и министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Роволт кај присутните створи моментот што Јаневска држеше говор додека се чекаше интервенција на Брза помош.
„Очигледно е, предолго трае, вашата порака е примена“, рече Јаневска, а потоа се слушна како се бара Брза помош од страна на присутните во публиката. И потоа, се слушна „уа, уа!“.
Организаторот ги замоли присутните за тишина. А по ова следуваше повторно негодуваше од присутните.
Претходно, Јаневска отиде меѓу публиката, па кога се врати, реши да не продолжи со говорот.
Моментот е на 20:50 секунди:
