Македонија

(Фото) Молк, цвеќе и свеќи, без говори и политичари, студентите одаваат почит на загинатите во пожарот во Кочани

Студентите од неколку градови се собираат за да одадат почит за жртвите кои настрадаа во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Собирите се без политичари и говори.
Студентите на техничките факултети во Скопје, со цвеќе и запалени свеќи, во тишина и со седумминутен молк се простија од загинатите.

Млади од Средното медицинско училиште „Јане Сандански“, во Штип, од каде починаа тројца нивни соученици, двајца матуранти од Штип и една ученичка од втора година, оддадоа почит со едноминутен молк а потоа протестираа со едночасовни маршеви по штипските улици, под сслоганот „Секој еден може да е следен“.

Едноминутен молк и цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски, како почит за загинатите од студентите од Битолскиот универзитет
На студентите им се придружи и Ректорската управа и професорите.

Молк, солзи, цвеќе и запалени свеќи, вака охридските стредношколци одадоа почит на 59 жртви, во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Добија поддршка и им се придружија и нивните родители и граѓани.

Фото: Ројтерс

На почеток