Ќерката на загинатиот Андреј од ДНК до мајка ѝ: Мамо, сакам да бидам дома, зашто јас ти требам тебе, а и ти ми требаш мене…


Наталија Ѓорѓиеска, сопруга на загинатиот Андреј од ДНК, со емотивна објава на „Инстаграм“, за зборовите на нејзината 10-годишна ќерка. Таа посочува дека девојчето за седум дена, пораснало како за седум години.
„’Мамо, сакам да бидам дома, зашто јас ти требам тебе, а и ти ми требаш мене…’ Јана за 7 дена порасна како за 7 години“, напиша Ѓорѓиеска.
Андреја Ѓорѓиески, познат како Андреј од ДНК, го жртвуваше својот живот за да спаси други деца кои беа на нивниот настап во дискотеката во Кочани, кога се случи трагичниот пожар во кој загинаа 59 лица, а 197 беа повредени. Очевидцидека тој успеал да излезе од дискотеката кога се случил пожарот, но се вратил за да помогне и не успеал да се извлече.
Зад себе, Андреј ги остави сопругата Наталија, со која скоро 10 години беше во брак и ќеркичката Јана.
Зад себе, Андреј ги остави сопругата Наталија, со која скоро 10 години беше во брак и ќеркичката Јана.
