Охриѓани од буџетот донираат 1 милион денари за семејствата на настраданите и повредените во Кочани


„Советот на Општина Охрид на денешната 55-та вонредна седница донесе одлука за одобрување на финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот во Кочани од 16.03.2025 година“, објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и додаде:
„Општина Охрид ќе ја упати финансиската помош на сметката за солидарна помош при Црвениот крст на Македонија. Финансиските средства ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Охрид. Уште еднаш во мое лично име и во името на охриѓани упатувам најдлабоко сочувство до семејстата на настраданите, а на повредните им посакувам побрзо оздравување. Да бидеме сплотени и солидарни и заедно да ги надминеме последиците од оваа голема трагедија“.
