Јајца за Велигден ќе има


ЖГрупацијата за живинарство при Стопанската комора на Северна Македонија ги информира граѓаните дека македонскиот пазар е стабилен и снабден во доволни количини квалитетни и безбедни конзумни јајца за Велигденските празници.
„Најголемите производители и извозници на јајца, најавија активна соработка со дистрибутерите и трговците со цел да се задоволи зголемената побарувачка во овој период од годината, а притоа цените да останат на конкурентно ниво, во согласност со пазарните трендови.Ресорното министерство и надлежните институции ги следат состојбите и се подготвени да преземат мерки доколку се јави потреба од дополнителна стабилизација. Ги потсетуваме потрошувачите да внимаваат при купувањето, да ја проверуваат трајноста и потеклото на јајцата, како и да ги поддржат локалните производители“, соопшти Стопанската комора.
