Добри вести и за критичните пациенти од повредените во „Пулс“: девет лица се враќаат од странаство, осум се пушаат од скопските болници


Осум повредени од дискотеката „Пулс“ ќе бидат пуштени на домашно лекување, а девет кои се лекуваат во странство се враќаат денеска. На клиниките во Скопје ќе останат 22 пациенти, а во странство остануваат 99 пациенти.
„И за критичните пациенти добиваме добри вести, дека иако се во тешка состојба, се во подобрена состојба од вчера. Оптимисти сме дека и тие ќе е подобруваат, иако треба да бидеме внимателни за да нема други евентуални компилации“, рече Таравари и додаде: „За пациентите за кои се загриживме, одредени лабораторски анализи покажаа дека има подобрувања, се уште се критични но подобри во однос на вчера. Подобри, ама во нестабилна и критична состојба“.
Утре сигурно се враќаат плус двајца пациенти.
