Двајца пијани возачи се уапсени: ќе одговараат кривично


Во два различни случаи, уапсени се возачи кои возеле пијани.
„На 30.03.2025 во 01.50 часот во Делчево, полициаски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода М.Р.(35) од Делчево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,84 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – ‘безобѕирно управување со моторно возило’“, велат од МВР.
Регистриран е и втор случај.
„На 30.03.2025 околу 01.00 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во населба Доброшане во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.И.(21) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – ‘безобѕирно управување со моторно возило’“, велат од МВР.
