„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Вучиќ верува во воен сојуз со Унгарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

]Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека верува во формирање одбранбен сојуз на Србија и Унгарија.

— реклама —

Министрите за одбрана, Криштоф Салаи Боровницки и Братислав Гашиќ, денеска во Белград потпишаа документ со кој се конкретизира договорот за стратегиска соработка на Унгарија и Србија во областа на одбраната од 2023.

Вучиќ изрази уверување дека договорот за заеднички активности ќе продолжи во натамошното зближување и создавање воена алијанса или воен сојуз меѓу Србија и Унгарија.

— реклама —

За 2025 Будимпешта и Белград договориле 79 одбранбени активности во кои спаѓаат заеднички обуки, хеликоптерски и други вежби, соработка во секторите на наменските индустрии, сајбер безбедноста, мировните операции, военото образование и медицината.

,,Нè очекува многу заедничка работа во воената област. Сè што правиме значи поголема безбедност за граѓаните на двете земји. Благодарение на Орбан и на неговата влада имаме мир, бидејќи тие во 1999 година не дозволија копнена офанзива од нивната територија”, изјави Вучиќ.

Србија од декември 2006 година е членка на програмата на НАТО Партнерство за мир.

Од почетокот на конфликтот во Украина Србија не учествува во воени вежби ни со Истокот ни со Западот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Германските медиуми предупредуваат: Брисел ја губи Србија од вид

Свет | пред 10 часа

media-librarye6gg3jlj4cm75GMAqLk

Навала во српските менувачници, се прават резервации за евра: Граѓаните масовно менуваат динари во евра

Свет | пред 2 дена

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ му одговори на Лавров: Ниту на сон не ни паѓа да му одземаме нешто на било кого

Свет | пред 1 седмица

media-libraryretpbucd202maFVi2fP

Спајиќ со порака до Вучиќ: „Ќе ве чекаме во ЕУ од 2028 година и навиваме да побрзате“

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања