Пратеникот Бране му одговори на синдикалецот Слободан: Едвај собра педесетина луѓе


Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше прозван од синдикалиот водач Слободан Трендафилов од ССМ, одговори на социјалните мрежи со фотографија направена од еден од прозорците на собраниската зграда.
„Еве на што го сведоа некогашниот синдикален гигант ССМ. Долго најавуваниот протест, кој собра едвај педесетина луѓе, покажа дека овие таму насадени ‘татини синчиња’ одамна ја загубија довербата на работниците.
Синдикатот треба да биде глас на работниците, а не мегафон на политички агенди. Неговата улога е да преговара со работодавачите за подобрување на работничките права, а не да спроведува политички сценарија во режија на опозицијата.
Ние продолжуваме со работа и со зголемување на сите плати, како што од денес се исплаќаат поголеми плати во здравството, образованието, полицијата и други сектори. Ова е вистинскиот начин да се унапредат правата на работниците – со конкретни резултати, а не со празни политички протести“, напиша Петрушевски.
Претходно:
