Македонија

(Фото) Пријател на Андреј од ДНК: Фалиш, болиш, немам солзи да те исплачам, нема сила да издржам

Антонио Наумоски, близок пријател на Андреј од ДНК, е скршен од болка по трагедијата во Кочани. Ги истетовира стиховите од хитот на бендот, во кои стои „Ако утре ме нема еј, немој да ме жалите“ и датумот на трагедијата 16.03.2025 година.

„Брате мој.. Ова е само еден почеток на многу работи што следуваат… ќе дадам се од себе да го продолжам твојот пат што те правеше најсреќен а тоа е хуманоста! Нема да застанам!!! Болиш! Фалиш! Немам солзи да те исплачам! Немам сила да издржам! Те сакам брате мој Андреј“, стои во објавата.

Тој најави и хуманитарен настан.

„Сакам да ви го најавам хуманитарниот настан на 26ти Април во @break_time.skopje со почеток од 12:00 до 21:00.

1. Со секоја купена маичка донирате 500 денари за настраданите.
2. Забрането е секакво давање на пари на поединци!
3. Ќе има кутија на самиот настан и ќе го запазите редот односно прво донирате 500денари во кутија па добивате маичка.
4. Секој оној кој сака да донира дополнително пари за маички може да го направи истото до 06 Април. (Ќе си добие сметка од фирмата за уплата на маици)
5. На самиот настан ќе имаме и дел од повредените од Кочани како специјални гости.
6. Сите собрани средства ќе бидат предадени на @supportkocani
7. По завршување на настанот секоја фирма ќе потполни изјава за собраните средства и дополнително и транспарентно ќе се објави.
8. Сакам да изразам голема благодарност до сите фирми кои ми помогнаа.
9. Сакам да изразам и посебна благодарност до неговата сопруга што го поддржа овој настан.
10. Поради големата заинтересираност до моментов има нарачано 800маици“, стои во објавата.

На почеток