Македонија

Дискотеката „Пулс“ ја зеде 60-та жртва: Почина Карадаковски кој се лекуваше во Литванија, управител на хартија – во реалност шанкер

Александар Карадаковски е 60-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој кобната вечер беше во дискотеката, по што беше донесен на лекување во скопските клиники и на крајот поради сериозноста на состојбата го префрлија на лекување во болница во Литванија. Неговата состојба се влошила, по што, докторите не можеле да го спасат.

За Карадаковски е познато дека е осомничен од страна на Обвинителството кое води предмет за сите причинско-последични врски поврзани со пожарот. Тој е и управител на правното лице „ММММ кафе ДООЕЛ“, но само на хартија, бидејќи во реалноста, бил шанкер.

За него се собираа и донации, исто како и за останатите повредени, со цел, поефикасно и побрзо лекување како во странските, така и во домашните клиники.

Деталите за тоа како течело неговото лекување, ќе ги соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари, денесна попладне.

На почеток