(Видео) Молк, плач, пораки: семејствата на загинатите порачаа дека коруптивниот систем им ги уби децата


Со фотографии од загинатите, семејствата и роднините, со молчење и плачење тргнаа на марш за 60-те загинати во дискотеката „Пулс“. Тие порачаа дека е време да запре селективната правда, а на властите им порачаа дека коруптивниот систем ги уби нивните деца.
Без да кажат збор, нивните пораки ги испратија преку транспаренти на кои пишува: „Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Марш за 59-те ангели“.
Од плоштадот во Кочани тие поминаа покрај кафулето на сопственикот на дискотеката „Пулс“ таму застанаа и молчеа во чест на загинатите. Оттука, одат кон Општина Кочани, седиштето на МВР во градот, како и Основниот суд.
