Македонија

СДСМ денеска бира нов лидер, Филипче единствен кандидат

Опозициската СДСМ денеска одржува редовни внатрепартиски избори за претседател на партијата. Единствен кандидат за оваа функција е актуелниот партиски лидер Венко Филипче.

Гласањето е започнато на 78 избирачки места во општинските организации на СДСМ ширум државата.

Избирачките места ќе бидат отворени до 20:00 часот, а за спроведувањето на изборниот процес е задолжена Централната изборна комисија.

На Избирачкиот список, се запишани 23.712 активно регистрирани членови.

Обезбедени се сите потребни услови за непречено спроведување на изборниот процес, вклучително и избирачки материјал, паравани, кутии и ознаки, велат од партијата.

На почеток