Министерството за здравство, по апсењето на директорот на Геријатриската болница „13 ноември“, Мухсин Арифи, велат дека стојат на располагање за било какви информции.
„Министерството за здравство се залага за што побрзо расчистување на случајот од страна на Јавното обвинителство во врска со наводите за примање поткуп од раководно лице во јавна здравствена установа. Министерството за здравство стои на располагање доколку се потребни какви било информации по службена должност. Наш приоритет останува обезбедување најсоодветна грижа за сите пациенти во јавните здравствени установи“, вели Министерството за здравство.
Директорот со уште едно лице се спроведени во полициска станица. Неофицијално, делото го извршил заедно со посредник. Поткупот го зел за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа.
Уапсен директорот на геријатрија „13 ноември“, кадар на Алијансата на Албанците
Директорот на Геријатриската болница „13 ноември“, Мухсин Арифи и уште едно лице се уапсени под сомнение дека примиле поткуп, дознава „Скопје1“. Тие се спроведени во полициска станица. Неофицијално, делото го извршил заедно со посредник. Поткупот го зел за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа.„Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Се постапува за целосно расчистување за настанот“, велат од МВР за „Скопје1“.Арифи порано беше директор на Психијатриската болница во Скопје, а е дипломиран архитект и доаѓа како кадар на Алијансата на Албанците.
Македонија | пред 8 месеци