Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Министерството за здравство: Нема долг кон „Комунална хигиена“, тврдењата за 5 милиони евра се неточни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2025-09-13-at-23.43.52

Министерството за здравство со реакција ги демантираше тврдењата на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ дека институцијата ѝ должи повеќе од пет милиони евра и дека токму овој неплатен долг е причина за доцнењето на платите на вработените во претпријатието.

— реклама —

„Министерството за здравство, како правен субјект, нема никаква обврска или долг кон ЈП Комунална хигиена – Скопје. Тврдењата за неплатен долг од 5 милиони евра се неточни и целта им е да се нанесе штета на угледот на Министерството или да се амнестира некој од сопствените обврски,“ стои во соопштението.

— реклама —

Од Министерството апелираат јавноста и медиумите да внимаваат на точноста на информациите и да не се шират дезинформации што можат да создадат забуна или недоверба во институциите.

— реклама —

„Министерството за здравство продолжува да работи согласно законските обврски и со принцип на транспарентност во сите свои активности,“ додаваат од институцијата.

— реклама —

Реакцијата следува по обвинувањата на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, кое претходно тврдеше дека токму долгот од Министерството за здравство сериозно ја нарушува ликвидноста на претпријатието и индиректно предизвикува доцнење на платите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dijabetes

Обезбедени сензори за гликемија за 800 лица со дијабетес тип 1, зголемени и количините на инсулинска и антидијабетична терапија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library6b7i8j46cm5u9P1a6C1

Клековски и бугарската министерка за здраство договорија здравствена соработка до 2028 година: заеднички проекти, обуки и размена на експерти

Македонија | пред 3 седмици

media-librarys90tb8fde4dnadEnjc0

Отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките во Клиничката болница во Штип

Македонија | пред 4 седмици

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Нема понуди на тендерот за вакцини против грип, Министерството за здравство очекува да бидат обезбедени во текот на месецов

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања