Македонија

Ќе се проверува лекувањето на пациентот кој со пукната аорта чекаше операција и почина, а по налог на Таравари

Министерот за здравство, Арбен Таравари, им наложил на Државниот санитарен и здравствен инспекторат да извршат увид во документацијата на 59-годишниот Тони Ангеловски, кој со пукната аорта почина чекајќи операција. Од министерството не споделуваат никакви други детали, а откако семејството најави одговорност, додека роднина на сега починатиот раскажа што се случувало изминатите денови додека Ангеловски се борел за живот.

„По налог на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, ДСЗИ ќе изврши увид во медицинската документација во врска со овој случај по што јавноста ќе биде информирана“, велат од Министерството за здравство за „Скопје1“.

Став најави и директорот на Клиниката за кардиохирургија. До овој момент, не го доставија.

За случајот се дозна откако Ацо Николовски, роднина на пациентот завчера алармираше дека Ангеловски не е опериран оти им кажале дека нема слободни сали, а за „Скопје1“ вели дека пациентот е починат, а денеска бил погребот. Николовски за „Скопје1“ вели „го оставија како згазено куче покрај улица“. Од Министерството за здравство молчат за случајот, а исто и од Клиниката за кардиохирургија. Според Николовски, од Кардиохирургија ги пратиле да видат за операција во приватната клиника „Жан Митрев“ на државен трошок.

На почеток