Чекајќи операција, почина пациент со пукната аорта на Кардиохирургија; Роднина: Наводно немале сала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
w_56674000

Со пукната аорта отишол да го излекуваат, но не дочека ни операција на Клиниката за кардиохирургија и почина. Ова е судбината на 59-годишниот Тони Ангеловски. Неговиот роднина, Ацо Николовски завчера алармираше дека Ангеловски не е опериран оти им кажале дека нема слободни сали, а за „Скопје1“ вели дека пациентот е починат, а денеска бил погребот. Николовски за „Скопје1“ вели „го оставија како згазено куче покрај улица“. Од Министерството за здравство молчат за случајот, а исто и од Клиниката за кардиохирургија. Според Николовски, од Кардиохирургија ги пратиле да видат за операција во приватната клиника „Жан Митрев“ на државен трошок.

— реклама —

„Него го хоспитализираа, му беше пукната аорта, која е главна артерија и предизвикала внатрешно крварење. Не го оперираа, рекоа дека наводно немаат сала за операција. Нѐ пратија со документите во Жан Митрев, таму ни кажаа дека квотата е исполнета до јуни. Но ни посочија да го донесеме, да го стабилизираат, дека немаат дел кој им е потребен но ќе го добијат и дека до тогаш ќе го одржуваат. Ама дека седум дена пред и по операцијата мора да биде на интензивна нега. Кажаа дека е 1000 евра од ден, плус лекови, а ова е просечно семејство“, вели Николовски за „Скопје1“.

— реклама —

Според сведочењето, се вратиле на Клиниката за кардиохирургија.

— реклама —

„Никој ништо не презема го оставија човекот тивко да си умре дури и фамилијата на најгруб можен начин беше избркана од Државна за ова имаме и снимени видеа ги молам сите што можат да го споделат ова поготово до министерот за здравство нашиот ценет премиер да видат и да не побараат некој мора да одговара за ова“, додава Николовски и во јавната објава .

„Скопје1“ побара коментар од Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден. Оттаму до овој момент немаме добиено никаков одговор, непознато е дури и дали е формирана комисија за утврдување на одговорност.

За случајот со пациентот го прашавме и директорот на Клиниката за кардиохирургија, доктор Дејан Димитриевски. Побаравме одговори зошто пациентот не бил опериран, дали е точно дека немале доктор кој можел тоа да го направи, колку доктори се достапни во моментите кога пациентот треба да се оперира, но и дали можеле да најдат сала во друга клиника. На ова добивме само кусо известување дека ќе се обратат со официјална изјава. Ако и кога ќе ја добиеме – ќе ја пренесеме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања