Автомобил од марката „Форд Фиеста“ во сопственост на српската пејачка Гоца Божиновска излетал од патот, удрил во електричен столб и се запалил. Несреќата се случила утрово околу 5 часот, а на лице место веднаш излегле полицијата и пожарникарите.
На местото на несреќата денеска во Сурчин има траги од автомобилот кои говорат за случајот.