Македонија

(Видео) „Кој нѐ чува? Имате ли вие деца бе?“, родителите ги прашаа пратениците, дел од нив се симнаа и меѓу нив

Солзи, тага и пораки до сите политичари. Вака изгледаше денешниот марш на семејствата од Кочани кои ги загубија децата во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Сѐ започна од пред Обвинителството, продолжи пред Собранието, заврши пред МВР. Уште на стартот кажаа дека пробуваат да ги контанимираат протестите. На стартот посочија дека Обвинителството

„Државата се луѓето, Обвинителството е партиско дувло. Ова не е државна институција. Преку ботови нѐ убедуваат дека правнот систем е тешко да ја докаже верижната одговорност. Децата не се статистика, тие се деца! Најодговорни се МВР и Обвинителството. Јавното обвинителство дали еднаш излегло по допрен глас? Ниту еднаш. Дали фраерот така наречен јавен обвинител, кој е за партиски постави, дали кога седна на фотелјата, направи ревизија?“, рече кочанчанец кој во трагедијата загубил посинок.

Затворени очи, отворени гробови – ова е само една од праките испратена до обвинителите од семејствата на жртвите кои загинаа во дискотеката Пулс.

Пред Собранието ги побараа сите пратеници да излезат меѓу нив.

„Има ли некој да ни објасни нешто? Каква е оваа држава, што плаќам јас 22 години данок? 22 години приватно работам! Трпам! Вчера платив еден тон пари, на нив им ги дадов, за да нѐ чуваат. Кој нѐ чува? Имате ли вие деца бе?“, рече татко на загинато дете.

Потоа јасно порачаа „сакаме правда!“.

„Не ние да влеземе, тие да излезат!“, рече мајка на загинато дете.

Надвор излегоа пратениците од СДСМ, преводени од претседателот Венко Филипче. Група млади лица извикуваа „убијци“, додека дел од мајките побараа да нѐ го прават тоа бидејќи им предизвикуваат тензија и стрес. Им укажаа дека семејствата побарале тие да излезат меѓу нив.

Потоа, родителите добија покана да одат на средба кај министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

ПРОДОЛЖУВА

(Видео) Имате право да не не ми верувате, но и мене душава ми плаче и јас сум гневен и бесен, Тошковски седна со семејствата на загинатите

На почеток