Двајца мажи упаднаа во училиште во Токио, повредени пет вработени – нема информација за учениците

Од
Објавено на

Петмина вработени во основно училиште во Токио се полесно повредени откако двајца мажи упаднале во една од училниците, објавија јапонските медиуми утрово, без да наведат дали има жртви меѓу учениците.
Полицијата уапси двајца мажи кои ги скршиле прозорците и влегле во училницата со ученици на возраст од седум до осум години, објави Фуџи ТВ, повикувајќи се на полициски извори.
Инцидентот се случил во училиште на западот од јапонската престолнина.
Телевизијата објави и снимки од тимови спасувачи и полицајци во училиштето.
Насилните злосторства се ретки во Јапонија, која исто така има строги закони за оружје.
