Промени тема
Контакт

Јапонија вложува 36 милијарди долари во американски проекти за нафта, гас и минерали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library6qmvh4b2mk857CeoDBO

Јапонија најави инвестиции од околу 36 милијарди долари во американски проекти за нафта, гас и клучни минерали, како прв бран договори со администрацијата на Доналд Трамп. Договорот го објавија Трамп и јапонската премиерка Санае Такаичи, со цел зајакнување на економската безбедност и намалување на зависноста од Кина.

— реклама —

Најголемиот проект е гасна електрана во Портсмут, Охајо, која се најавува како најголема во историјата на САД, со капацитет од 9,2 гигавати годишно. Со неа ќе управува компанијата SB Energy, подружница на јапонската групација СофтБанк груп. Предвидени се и вложувања во терминал за извоз на сурова нафта во Тексас и во фабрика за синтетички индустриски дијаманти.

— реклама —

Проектите се дел од поширок пакет од 550 милијарди долари што Јапонија се обврза да ги инвестира според трговскиот договор со САД, во замена за намалување на американските царини за јапонските производи, вклучително и автомобилите.

Фабриката за индустриски дијаманти во Џорџија, вредна околу 600 милиони долари, треба да обезбеди американска самостојност во клучен материјал за напредно производство и полупроводници. Трамп изјави дека со тоа ќе се намали зависноста од странски извори, пред сè од Кина, која доминира во производството и преработката на ретки метали.

— реклама —

Американскиот министер за трговија Хауард Латник истакна дека Јапонија обезбедува капитал, а САД добиваат стратешка инфраструктура и засилена енергетска позиција.

— реклама —

Договорот доаѓа во период на тензии меѓу Токио и Пекинг околу Тајван. И покрај тоа, Јапонија објави раст на извозот од речиси 17 проценти во јануари, делумно благодарение на зголемената трговија со Кина, додека Трамп порача дека „огромниот трговски договор со Јапонија стапи во сила“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 2 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 15 часа

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 18 часа

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања