Македонија

Сиљановска Давкова уште размислува, денеска нема да даде предлог за нов гувернер

Претседателската Гордана Сиљановска Давкова, иако најави, сепак денеска нема да поднесе предлог за нов гувернер на Народната банка,

Предлогот, според најавата, требаше да се разгледува и гласа утрешната седница на Собранието.

Претседателката, како што информираат од нејзиниот Кабинет, вчера имала разговор со кандидатите за гувернер и ќе направи дополнителни анализи по што ќе го достави предлогот до законодавниот дом.

Меѓу кандидатите се споменуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.
На 21 мај и истекува мандатот на актуелната гувернерка.

На почеток